Филмот „Филомена“ („Philomena“), наредната седмица ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Проекции ќе има на 20-ти, 21-ви и 22-ри мај 2014 година, со почеток во 20 часот.
Овој филм од жарнот на драма, кој е во режија на Стивен Фреарс нуди уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот. Филмот раскажува за новинар што пишува за политички теми. Тој случајно наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината која ја нарекла жена без морал, детето ѝ е одземено и е дадено на посвојување во Соединетите Американски Држави. Наредните 50 години Филомена ги поминува во потрага по своето дете, а сега заедно со новинарот тргнуваат на пат за Америка.
Во филмот играат актерите Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк.
Влезниците за филмот ќе чинат 50 денари.
OhridNews