Во рамки на филмската програма на „Фестивалот на новиот германски филм“, вечерва во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе има проекција на филмот „Паркот на среќата“.

Во филмот кој е во режија на Бетина Блимнер се раскажува за интелигентната млада Саша, чијашто мајка била застрелана од очувот пред нејзините очи. Таа живее во една сиромашна населба со станбени блокови, во којашто, според тоа што таа вели, таа е единствената која сѐ уште има соништа – да напише книга за мајка ѝ и да го убие очувот. Откако во една статија убиецот на мајка ѝ ќе биде претставен како маж кој се кае и предизвикува сожалување, таа бесна бара одговорност од одговорниот главен уредник….

Во филмот играат актерите Јасна-Фрици Бауер, Улрих Нетен, Макс Хегевалд, Владимир Бурлаков и други.

За крај на програмата на германскиот филмски фестивал која е предвидена за Охрид, утре на 21-ви октомври ќе се прикажува документарниот филм „Германија од горе“.

Влезот за филмските промоции е слободен.