Охридските љубители на филмот во четврток на 4-ти септември 2014 година ќе имаат можност да го гледаат филмот „Не сум познат ама сум Влав“ што ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
Филмот кој е во режија на Тома Енаќе од Романија ќе се прикажува во соработка со Здужението за култура „Пунте“ од Струга.
Проекцијата на филмот е во 20 часот.
OhridNews