Фимот „И(С)ЗГУБЕНИ“ од охридскиот режисер Антонио Велјаноски, утре, премиерно ќе биде прикажан на овогодинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Станува збор за игран филм кој е македонско-чешка продукција. Во филмот се зборува за Рудолф, осамениот 77-годишен пензиониран лингвист, кого почнува да го следи едно куче од кое не може да се отараси. Оваа средба конечно води до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

OhridNews