Во рамки на годинешната програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан краткиот филм „Мојот Клас“ од Пјер Лави и „Кармелим3 – Вкусот на Израел Хаифа од Израел.

-Во јули 2015 им се придружив на Хабима и Камери театрите и нивото патување низ Балканот. Посетивме четири држави- Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Целта на патувањето беше да се постави претставата „Нашиот Клас“ која ја опфаќа темата за Холокаустот, драма првично напишана на полски, а потоа преведена на еврејски. Од многу гледни точки, патувањето на „Нашиот клас“ беше мое лично внатрешно патување до Мојот Клас, вели Пјер Лави.

„Кармелим“ е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта во градот. Уште од самото основање, групата имаше цел да ja поврзе јавноста со животот во Израел, како и поблиску да се претстави историјата и тековните достигнувања преку уметничка слика.

Преку бројните патувањата во странство, во Јужна Африка, Чешка, Унгарија, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Канада и САД, групата го претставува градот Хаифа и државата Израел. На овие патувања Кармелим оставиле силен и траен впечаток во информирањето на јавноста за израелската култура и нивните аспирации и надежи за подобар и мирен живот.

Групата презела главна улога во повеќе едукативни кампањи и справување со повеќе национални прашања, како што се злоупотребата на дрогата, насилството меѓу младите и така натаму.

OhridNews