Компанијата „Дизни„ соопштила дека филмот „Книга за џунглата“ ќе се најде пред публиката на 9 октомври 2015 година. Претходно истата компанија во 1967 година го објавила легендарниот анимиран филм „Книга за џунглата“.
Режисер на филмската адаптација на овој популарен роман на Радјард Киплинг ќе биде Џон Фавроу, кој е познат по тоа што го режирал филмскиот хит „Ајронмен“, пренеле американските медиуми.