Центар за култура „Григор Прличев“

Од 25.11.2022 - 20:00 до 25.11.2022 - 22:00

На барање на публиката најновиот филм „Кајмак“ на режисер Милчо Манчевски, повторно на кино репертоарот во петок, 25 ноември, информираат од НУЦК „Григор Прличев”-Охрид.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Проекцијата на филмот е со почеток во 20 часот, а картите се по цена од 150 денари.

OhridNews