На 17-ти ноември, 2022г. (четврток), во големата сала на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, своја премиера пред струшката публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода, информираат од Центарот за култура.

Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Kартите се по цена од 100 денари.

OhridNews