Третиот дел на филмот за супер јунакот од американските стрипови, со Роберт Дауни во главната улога, заработил 175 милиони долари. Медиумите јавиле дека овој викенд филмот остварил втор најдобар резултат во историјата на водењето податоци на „box office“ во северноамериканските кино благајни.

Само филмот „Осветници“, исто така со Роберт Дауни во главната улога, имал подобро остварување заработувајќи 207 милиони долари. „Iron Man 3“ е последниот филм од триологијата за тој јунак. Филмот една седмица претходно имал светска премиера и на кино благајните ширум светот веќе заработил 505 милиони долари.