Филмот „Интервју“, пародија за измисленен атентат врз лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, од почетокот на дистрибуцијата во декември заработил повеќе од 36 милиони долари од копии продадени на интернет, кабелска телевизија и речиси пет милиони долари од прикажување во мали кина, објавило холивудското студио Сони.
Помеѓу 24 декември и 4 јануари филмот преку интернет и видео сулуги бил прегледан 4,3 милиони пати. Филмот заработил пет милиони долари од прикажување во 580 независни кина во северна Америка. Филмот е снимен за 44 милиони долари, а повлечен е од дистрибуција и прикажување во големите кино ланци поради безбедносни причини.