Документарниот лобистички филм
за Македонија „Име си е име“ на режисерот Сигурјон Еинарсон, денеска  премиерно ќе биде прикажан во Вашингтон.
Во филмот, меѓу другото,  се претставени пејсажи, ахеолошките локалитети и
духовните светилишта од Охрид.


„Име си е
име“ е патепис создаден врз база на сознанија, но и седумесечен престој
на авторот во Република Македонија. Филмот е за група луѓе кои се
нарекуваат Македонци, нацијата која е во заложништво поради своето име.
Приказната е за еден Скандинавец кој доаѓа во Македонија, изнајмува
мотоцикл и патува низ земјата разговарајќи со луѓе од сите класи и
средини. Во филмот доминираат преубавите пејзажи на земјата,
историските и археолошките локалитети, духовните светилишта, градовите
и селата… Музиката ја напиша Мортен Харкет, познат како фронтмен на
норвешката група „А-ха“, а продуцент е Џејсон Мико.


На премиерата
на филмот што ќе се одржи со помош на невладината организација на
македонското иселеништво во САД, Обединета македонска дијаспора, се очекува да присуствуаат политичари, претставници од американскиот
конгрес и дипломатскиот кор, како и Македонци кои живеат во Вашингтон.

Ohridnews