На последната сесија на Еуримаж, македонскиот филм Господ постои нејзиното име е Петрунија на Теона Стругар Митевска, доби поддршка од овој престижен фонд од 224,000 евра. Со овој грант Сестри и Брат Митевски продукција и целосниот го затворија буџетот на овој филм. Целосниот буџет на филмот Господ постои, нејзиното име е Петрунија е 1.300.000 евра од кој на конкурсот распишан од Македонската Агенција за филм на кој ги доби највисоките оценки, доби поддршка од 487,000 евра или 36% од буџетот, од Белгискиот филмски фонд и други извори се обезбедија 280,000 евра или 21 %, од Хрватскиот филмски фонд 102,000 евра и други извори 10 % и од Словенија 10%.
Проектот беше дел од престижните Paris Coproduction Villuage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде побудуваше огромен интерес. Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Цинелинк програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде филмот беше претставен. Квалитетот на авторот и на сценариото овозможија за само осум месеци да се затвори целосниот буџет на филмот.
Кастингот, изборот на актерската екипа и другите подготовки траат веќе повеќе од шест месеци. Филмот ќе започне со снимање во средина на Јануари, и ќе се снима целосно во Македонија, во траење од шест недели.
Ова е петтиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска и веќе четврти пат по ред овој автор ја добива поддршката од Еуримаж. Продуцентската куќа пак веќе седми пат по ред учествува во проект кој е поддржан од Еуримаж фондот, со врвни европски автори меѓу кои покрај Теона Стругар Митевска, се Дамјан Козоле, Кристи Пују, Нури Билге Чејлан.
Нашата публика овие денови сеуште има можност да го погледне последното остварување на Митевска, Кога денот немаше име во кината во Скопје.
OhridNews