Краткометражниот филм „Divan Dan zа Bananaribe“ кој е сниман на повеќе локации во Охрид, на 9-ти септември премиерно ќе биде прикажан во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“.
Фимот е во режија на Стефан Малешевиќ, а главната улога ја игра Игор Ѓорѓевиќ. Во филмот играат и охридските актерки Адријана и Билјана Билаловиќ.
„Divan Dan zа Bananaribe“ е модерна драма која го следи главниот јунак кој по враќањето од војната во 1999 година, се обидува да воспостави нормален однос со својата сопруга и околината и по сите преживеани трауми да се вклопи во секојдневниот живот. Повеќе информации за филмот можат да се прочитаат овде.
Филмските сцени во Охрид се снимани на плажата во Љубаништа, во Националниот парк „Галичица“ и во хотелите „Десарет“ и „Инекс Горица“.
Проекцијата на филмот во Охрид ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен.
OhridNews