Центар за култура „Григор Прличев“

Од 06.02.2020 - 20:00 до 06.02.2020 - 21:30

На 6-ти февруари, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе биде прикажан филмот „Дедо и Внук”.

Филмот е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски, кој воедно е и сценарист на филмот. Продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и малиот охриѓанец Наум Цветкоски.

После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.

OhridNews