Филмот на охридскиот режисер Илија Пиперкоски „Дедо и внук“, по успешното прикажување во кино салите и на повеќе меѓународни фестивали каде се закити и со награди, во сабота, 20 јануари, ќе биде прикажан на телевизија Телма, со почеток во 19:15 часот.

После смртта на едно дете, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години. Tаму се среќава со проблемите од неговото минато.

Сценариото и режијата се на Илија Пиперкоски, а во филмот играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.

Г.М.