Пејачот Елтон Џон најавил дека планира да сними филм за својот откачен живот, соопштиле медиумите. Тој и неговиот партнер, канадскиот продуцент Дејвид Фурниш, веќе работат на овој проект заедно со режисерот Ли Хол.
Славниот пејач им ветил на фановите дека филмот ќе биде исто толку откачен и див, колку и неговата кариера и приватниот живот. Изјавил дека веќе има одлично сценарио според кое ќе се снима филмот кои го напишал токму Ли Хол.