Свадбата на деценијата, како што британските медиуми ја опишуваат венчавката на принцот Вилијам и неговата избраничка Кејт Мидлтон закажана за ова лето, ги инспирирала челниците на телевизијата „Лајфтајм“, кои подготвуваат филм за најпознатиот британски пар. Снимањето ќе почне во февруари, а емитувањето е закажано за денот на свадбата која ќе се одржи на 29 април.
Принцот ќе го игра релативно непознат актер од Нов Зеланд, Нико Еверс-Свиндел, неговиот татко Чарлс ќе го игра Бен Крос, додека сеуште се бара актерка која ќе ја игра вереницата на принцот. Првите сцени се резервирани за деновите кога се запознале на факултетот во Шкотска, а во продолжение ќе бидат прикажани нивните убави и лоши моменти во деветгодишната врска.