Играно документарниот филм „Хјустон, имаме проблем“ на група словенечки режисери, ќе биде кандидиран за Оскар во категоријата најдобар филм на странски јазик, јавува “Hollywood Reporter”, пренесуваат медиумите во регионот.

Филмот се занимава со урбаната легенда за југословенската вселенска програма продадена на САД. Студената војна, вселенската трка и слетувањето на НАСА на Марс се историски случувања кои одбележаа цела една ера, а филмот во прашање ги доведува двете страни на приказната.

Комбинирајќи стари архивски снимки со современи интервјуа, филмот се обидува да ги разоткрие митовите изградени околу студената војна, вселенската трка и други битни случувања околу нив.

Филмот  „Хјустон, имаме проблем“ премиерно ќе биде прикажан на HBO на 25 септември во 20 часот, а ова е трејлерот:

OhridNews