По книгата „Спасувајќи ја Ејми“ на новинарката Дафне Барак ќе се снима филм за животот на починатата пејачка Ејми Вајнхаус. Неколкумина холивудски продуценти моментално се борат за купување на филмските права и сценариото.
Книгата „Спасувајќи ја Ејми“ ја напишала новинарката Дафне Барак, која станала добра пријателка со пејачката за време на многубројните интервјуа, а подоцна ги запознала и нејзиното семејство и поранешниот сопруг.