Најновиот филм на младиот охридски режисер, Илија Пиперкоски, “ Јас и мојот живот без некои работи “ е селектиран во програмата на Филмскиот Фестивал – АСТЕРФЕСТ 2008 (27-31 мај) и ќе биде прикажан во Струмица, во програмските категории МЛАДИ АВТОРИ и MOVIELAND-ROMANIA.

Оваа година ке се прикажат над 50-тина филмови од цел свет, но претежно од земјите на Југоисточна Европа. Нема неофицијална програма. Сите филмови кои се прикажуваат се во официјална програма. Има само ревијален блок, кој делумно ќе биде приказан на локалните ТВ станици и на видео-киоскот.

Инаку, кратките играни и документарните програмски содржини се поделени во 7 категории. Од пред две години е воведена компетиција за креативни документарци (Aster Docs), каде оваа година влегуват 9 филмови од автори од ЈИЕ. Од минатата година е воведена и компетиција за Movielend категоријата, каде секоја година претставуваме по една кинематографија; минатата година тоа беше Албанија, а сега ке биде Романија.

Филмот на Илија Пиперкоски ќе биде презентиран во блокот MOVIELAND-ROMANIA. Тука ќе има неколку филмови од Романија, а во овој блок се доделува наградата – плакета од жирито. Како практитка од секоја година, мотото на овој фестивал,  преставување на перспективни  млади автори како Илија Пиперкоски кои работат во полето на филмот.


Сцена од филмот „Јас и мојот живот без некои работи“

ohridnews