Актерот Џон Малкович и режисерот Роберт Родригез снимија филм кој никој не ќе може да го види во наредните 100 години. Филмот се наоѓа во временска капсула која ќе биде отворена на 18 ноември 2115 година. Филмот, кој носи наслов „100 години“, е всушност реклама за францускиот коњак „Луј 13“ на кој исто така му е потребен еден век за да созрее. Според француските медиуми, за филмот не се знае речиси ништо, освен дека е полн со емоции. Објавени со три тизери кои всушност ништо не откриваат за дејството на филмот, туку прикажуваат иста сцена со различно толкување на иднината.

 

Малкович изјави дека постоеле неколку опции кога проектот прв пат бил претставен за тоа како ќе изгледа иднината. Објасни дека опциите се: неверојатна хај тек визија за светот, која е далеку пред компјутерите, пост Чернобилска визија, со враќање на природата во полуразурната цивилизација и ретро иднина како поглед на иднината онака како што е замислена во научноантастичните дела од средината на минатиот век. Компанијата Реми Мартен која го произведува коњакот „Луј 13“ ќе подели 1000 метални карти кои ќе им овозможат на потомците на оние кои ги добиле картите да го гледаат овој филм за 100 години.