Филипинското министерство за внатрешни работи, ги предупредило своите граѓани дека во некои земји е противзаконски да се носи боева муниција, дури и ако од него се прави накит со кој филипинците се штитат од уроци.
Кај филипинците станало популарно да се носи огрлица или нараквица од боева муниција.
Меѓутоа, многу филипинци на патувања во странство се приведувани во разни држави поради поседување на куршуми со кои го украсуваат накитот и привезоците за клучеви, па нивното министерство за надворешни работи морало да реагира со предупредување.