Повеќе од 100 работници се повредени, а најмалку тројца се водат за исчезнати во пожарот што изби во фабрика за делови за монтажни куќи во предградието на Манила, главениот град на Филипини, соопштија локалните власти.

Пожарот во фабриката “House Technology Industries” е ставен под контрола, но не е целосно згаснат. Десетмина од повредените работници се во критична состојба, некои од нив заради тоа што се обидувале да избегаат од пожарот скокајќи преку прозорците на фабриката.

Властите соопштија дека пожарот најверојатно избувнал поради прегреана машина што произведува материјали за термоизолација за монтажни куќи. Во моментот на избувнувањето, една третина од вкупно 15.000 вработени биле на работа.

OhridNews
извор Макфакс