Стотина велосипедисти, професионалци и рекреативци, зедоа учество на Фестивалот на велосипеди што се одржува во Охрид. На велосипедистите им се придружи холандската амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини, која денеска во Охрид присуствуваше на свеченостите по повод завршувањето на првата фаза од изградбата на Холандскиот парк кај споменикот на А. Ден Долард. На дефилето учествуваа и припадниците на специјалната велосипедска единица на СВР Охрид, а учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.



Фестивалот попладне продолжува со велосипедска тура низ Охрид на која учество може да земат сите граѓани. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку изложби на фотографии на најстари велосипеди, уметнички велосипеди, а ќе бидат презентирани и неколку документарни филмови за историјата на велосипедизмот.

Ohridnews