Илјадници коњи во Филипини се осакатени или тешко повредени во илегалните борби кои ги организира криминална организација на обложувалници.
Фотографии на коњи во ринг кои безмилосно се тепаат го шокираа светот, а најмногу канадската организација за заштита на животните која поведе кампања како би се ставило крај на бруталните борби.
„Нашите ветеринари виделе коњи кои добиле таков удар во главата што буквално очите им излегле од очната шуплина“ – рекол Андеј Плумб од канадската организација.