На Владата денес ќе и предложам здрвствените работници да ги откажат приватните патувања, бидејќи е непредвидливо која земја ќе биде на листата земји со висок ризик. Секој здравствен работник ни е драгоцен, рече на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот информира дека тестови за коронавирус во овој момент има доволно, но ќе се обезбеди и дополнителен број.
Инаку, дванаесет лица се тестираат за коронавирус. Станува збор за две лица кои пред 5-6 дена се вратиле здрави од Италија, а утрово развиле симптоми, потоа осум лица од Дебар – соседи на тројца заболени со коронавирус со кои живееле во лепенка и со кои имале интензивни контакти и по едно лице од Кочани и од Прилеп.
Првата пациентка кај која беше дијагностициран коронавирус се очекува наскоро да биде пуштена од болница откако тестот за коронавирус се покажал негативен.
Филипче кажа дека останатите шест заразени со коронавирус се во стабилна состојба, со лесна клиничка слика.
OhridNews