Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека од 12-те пациенти кои денеска беа тестирани, кај двајца од нив резултатите се позитивни на корона вирус.
Од сите испитани пациенти денеска – двајца се позитивни на корона вирусот. Тоа се двајца луѓе од Дебар, кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани. Биле комшии и имале чести контакти. Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во изолација и во домашно лекување. Нивната здравствена состојба дозволува да бидат на домашно лекување и да не бидат хоспитализирани“. – потенцираше министерот Филипче.
00Филипче ги презентираше дополнителните заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата која што се одржа непосредно пред конференцијата за медиумите и која ги донесе по препораките од состанокот на Комисијата за заразни болести што се одржа денеска во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).
OhridNews