Новите мерки и рестрикции за заштита од Корона вирусот доаѓаат по анализите на епидемиолошките анкети, каде евидентно е дека најголем број на групирање на луѓе се случувале на прославите.Очигледно е дека сме на почеток на нов бран, истакна денес министерот за здравство Венко Филипче по координативната средба со директорите на клиниките во Скопје.
Очигледно е дека сме на почеток на еден нов бран, тоа се случува насекаде низ регионот, на тоа укажуваат бројките на новодијагностицирани пациенти кои растат и кај нас и во соседството. Сето тоа се реперкуира и во клиниките.Во моментов Тетово е најкритичниот град каде има најмногу хоспитализирани пациенти, високи се бројките на новодијагностицирани и во Скопје и во Гостивар во последните денови пораст има и во Куманово, Кичево, Кавадарци и Струмица , рече Филипче.
Мерките кои ги воведе Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 важат за сите организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти и на затворено за што постојат протоколи и на отворено се задолжени да направат редарски служби. Нема одлука за институциите. Ќе може да се организираат состаноци, конференции, семинари и работилници за кои има протоколи и за влез во такви објекти во затворено ќе биде неопходно да се даде сертификат за вакцинација. Според министерот за здравство, единствениот начин да се смени сликата на пандемијата е со масовно имунизирање на населението.
Вакцината е единствениот инструмент со кој можеме да ја смениме сликата на пандемијата. Евидентно е дека болеста многу повеќе се шири кај невакцинираните. Сакаме да го зголемиме и опфатот на вакцинација, со цел да не бидиме приморани понатаму да воведуваме уште порестриктивни мерки, се со цел животите и животните процеси продолжат понатака како што беа и во овој изминат период каде беше мирно.
Во моментов има околу 400.000 вакцини вкупно, од кои 200.000 се за прва доза од нив 80.000 на Синовак, 50.000 Астра Зенека и 70.000 дози од производителот Фајзер и секоја недела стигнуваат околу 20-30 илјади дози на Фајзер и таа динамика ќе продолжи, информираше Филипче
Од вкупниот број на примени пациенти примени во болница, кој изнесува некаде околу 150 пациенти,под 10 проценти се пациенти кои се вакцинирани и кои се во релативно добра здравствена состојба која не е критична.
Кај новите случаи од Ковид-19 доминантен е Делта сојот на корона вирусот.
За Делта сојот е потврдено дека се шири за 60-70 проценти побрзо од Алфа сојот и е детектирана поголема количина на вирусот кај пациент. Дали таа поголема количина на вирус ќе даде и потешка слика на болеста, односно дали пациентите кои ќе заболат од вирусот ќе имаат потешка форма на Ковид тоа не е уште докажано. Вакцината е ефикасна за сите соеви на вирусот, нешто помалку за Делта сојот , затоа што е развивана за Алфа сојот, меѓутоа сосем доволно, 70-80 проценти да заштити од болест и тоа што е најбитно без разлика за која вакцина да станува збор за 20 пати го намалува ризикот од смрт , истакна Филипче.
Тој појасна колективен имунитет не може да се стекне само со прележување, на тој начин не се создавале доволно антитела којшто штитат од вирусот. Како што рече Филипче не е сосема доволно да се вакцинирани граѓаните само со една доза на вакцина ако предходно го прележале вирусот.
К.А