На Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, денеска беше пуштен во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза кој ќе се користи за донирање плазма од лица кои се излекувале од коронавирус.

  • Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со КОВИД-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити, потенцира Филипче. Министерот додава дека плазмата дава резултати и дека сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат.

Досега пет пациенти од коронавирус во земјава се излекувани со крвна плазма.

OhridNews