Во оваа битка сме сите заедно, секој е одговорен и со личен пример треба да се бори што побрзо да ја надминеме епидемијата, изјави министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференцијата што се одржа по објавувањето на информацијата за значителен пораст на борој на новодијагностициринаи и починати лица од Ковид 19 во земјата.

Тој упати критика до дел од институциите, но и до граѓаните, посочувајќи дека без заеднички напори и лична одговорност, нема лесно да ја надминеме кризата.

Во оваа битка сме сите заедно, секој е одговорен и со личен пример треба да се бори што побрзо да ја надминеме епидемијата.

Geplaatst door Венко Филипче op Maandag 1 juni 2020

Во земјава вчера беа регистрирани нови 89 случаи на коронавирус, 7 починати и 17 излекувани пациенти. Вкупниот број на заразени заклучно со 1 јуни изнесува 2315, починати се 140 лица, излекувани 1569, додека бројот на активни случаи е 606.

OhridNews