Не треба да се има ниту најмал сомнеж околу споделувањето на точните бројки на заболени. Бројките се апсолутно точни и истите ги споделуваме и со претставници на Светската здравствена организација и со тоа простор за манипулација нема, потенцира на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој информира дека на Инфективната клиника во Скопје згрижени се вкупно 41 пациент, од кои седум се во потешка здравствена состојба но кои се респираторно независни. 27 се средно тешки пациенти и седум се со поблаги симптоми. Состојбата на пациентите во Штип е стабилна.
Министерот Филипче информира и дека еден од членовите на резервниот тим од скопската Клиника за кардиологија е позитивен на коронавирус. Тој на работа пројавил симптоми, но неговото работно место не е поврзано со пациенти, освен оние кои доаѓаат на интервенции на срце, при што лекарите се целосно заштитени.
Министерот потенцира дека доколку се установи дека некој на работа дошол свесен дека има симптоми ќе следат санкции.
Денес на матичните лекари им се поделени маски кои се од вчерашната и денешната донација на вкупно 6000 маски.
OhridNews