Во моментов во државава на располагање има 300 илјади вакцини, 115 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција додавајќи дека континуираната количина 30 до 40 илјади дози на вакцини на Фајзер се добиваат еденаш неделно.
Имавме состанок со претставници од Фајзер. Сите испитувања одат во насока дека најверојатно трета доза од Фајзер ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече Филипче.
Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот, одговори Филипче на новинарско прашање, додавајќи дека вакцината штити од тешка форма на болеста и од смртност.
Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети, посочи министерот. Според него, трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.
Во државата со вчерашниот ден се вакцинирани со прва доза околу 740 илјади граѓани. Секојдневно имаме над 13-14 илјади аплицирани вакцини. Ако со овој тренд продолжи ќе биде добро. Над 43 години се вакцинирани вкупно 54% од населението, вкупно е нешто помалку, што значи дека интересот е помал кај младите, изјави Филипче.
Филпче додаде дека најголемиот број од пациентите во болниците се невакцинирани.
OhridNews