Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

  • Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот, потенцира министерот.

Тој додава дека пикот на епидемијата допрва доаѓа и затоа е неопходно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.

Ohridnews