Од одговорност ниту бегам, ни ќе бегам, но ќе почекам да заврши истрагата, бидејќи и овој период има потреба од менаџирање на состојбата посебно во Тетово. По завршување на истргата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Ќе чекам да заврши истрагата. Не бегам ниту од одговорноста во однос на наодите од истрагата, ниту пак од морална одговорност. Нека покаже истрагата каде ќе се дефинира точката на одговорност во целокупниот менаџмент, рече Филипче.
Додаде дека од вчера и во текот на целата ноќ екипи на Министерството за здравство се целосно ангажирани на испитување на случајот. Во моменотв се’ уште трае истагата. На владина седница донесена е одлука за вклучување и на странски експерти во истрагата. Од одговорност никој нема да биде изземен доколку се утврди со истагата.
Модуларната болница во Тетово е предадена од Миниситерството за здравство целосно средена согласно техничките процедури. Болниците се безбедни, сите сертификати ги имаат за секое едно вградено парче. Во делот на системот на гасење на пожари ќе почекаме на истаргата. Поставување на Ковид центрите е по сторги критериуми и со согласност на Светска банка. Да не се манипулира јавноста, вакви објекти се користат секаде низ светот, додаде Филипче.
Во однос на тоа колку имало придружници и како бил организиран целиот процес треба да се направи истражување, засега знаеме дека имало двајца. Шпекулации има дека има од починатите и од придружба, но мора да почекаме да заврши истрагата, вели Филипче.
Посетите се забранети во Ковид центрите, со сетификат за вакцина ги пуштале да ги посетат пациентите, но не да ги чуваат. Зошто ова се случувало ќе испитува Државниот санитарен инспекторат, по што ќе изнесеме прецизни информации. За причината за пожарот министерот мора да се почека да заврши истрагата, додаде Филипче.
Инаку, 12 пациенти што се евакуирани во Тетовската модуладна болница се во стабилна здравствена состојба. Телата на 14 пациенти кои изгореа во страотниот пожар што се случи синоќа, се предадени во судска медицина. Тие се на возраст од 29 до 79 години. Се прават анализи и на ДНК, за нивно идентификување.
Н.С.Ј.