Август беше месец на многу групирања, цела држава беше во Охрид и во другите туристички места. Се гледаа во јавноста снимки од големи групирања, особено на млади луѓе, но од друга страна речиси цел месец опаѓа бројот на заболени од коронавирус во земјава. Mинистерот за здравство Венко Филипче претпоставува дека тоа се должи на фактот што сепак луѓето се повеќе надвор и контактите дури и таму кадешто има прекршување на превентивните мерки се случуваат во надворешна средина каде можноста да се пренесе вирусот е помала во однос на тоа кога луѓето се во затворена средина.

Оттука се нашите стравувања за есенските месеци кога сметаме дека таква поголема концентрација на луѓе во затворена просторија може да ја влоши епидемиолошката слика. – вели во интервју за Радио Слободна Европа, министерот Филипче.

Филипче истакнува дека новите случаи не се должат на таканаречените охридски настани, како што беше тоа случај со вториот бран пред неколку месеци.

Не така драстично зголемување како што беше појавата на, ќе го наречам, вториот бран, кога во рамките на семејните настани во затворени простории се јавуваа нови случаи. Значи многу помалку. – вели Филипче.

Во однос на отворањето на училиштата, министерот Филипче најави дека настава со физичко присустви ќе биде дозволена само таму каде што има услови за тоа, односно каде наставата се одвива со мал број ученици, но не и во ризичните подрачја како што е Скопје,. Таму нема да биде дозволена настава со физичко присуство, истакна во неделното интервју на Радио Слопбодна Европа министерот Филипче.

OhridNews
Извор: „Радио Слободна Европа“