Во рамки на министерството за здравство заврши постапката за набавка на респираторни машини, информира на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Од 9 економски оператори, два ги задоволиле потребните услови во однос на рокот и критериумите.

Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните седум дена, а другите од вкупно 31 обезбедени респираторни машини, треба да бидат доставени во текот на следните 30 дена.

Со тоа, како што рече министерот, значајно ќе се надополни моменталниот капацитет на респираторни машини во земјава, односно во институциите во кои се лекуваат пациенти со Ковид 19.