Шест нови случаи на корона вирус, сите од Дебар, се регистрирани во земјата информираше вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Една пациентка која доцна синоќа пристигнала од Барселона свесна дека можеби има проблем, патувала заштитена со ракавици и маска и сама се пријавила на граничничните служби, е ставена веднаш во карантин, а 51 патник кој патувал со неа е во самоизолација. Вкупно со последните случаи во земјата има 18 случаи пациенти со корона вирус. – истакна министерот Филипче.
Филипче информираше дека Владата формира Главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата со сите заменици и министерот за здравство, за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски, за финансии, за образование, за надворешни работи, директорот на ЦУК, директорот на ДЗС, со цел целосна координациија.
Главниот координативен кризен штаб ќе се состанува на дневна основа, претпладне во просториите на Владата веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести. Се затвараат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. Да прекине со работа аеродромот „Св. Апостол Павле“ после 48 часа од донесувањето на оваа одлука и да се забрани влез во земјата на жители од земјите со среден ризик освен во посебни услови пропишани со закон. Да се затворат за посетители сите продавници во моловите, освен супер маркетите, продавниците за храна и аптеките. Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин преку онлајн и телефонска нарачка и да вршат достава на истите. – рече Филипче
Исто така се забранува целосно работата на кафетерии, барови, казина и спортски обложувалници.
Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да работат без посета на потрошувачи, односно гости, и да остваруваат продажба на алтернативен начин преку онлајн и телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект согласно нивната организација штанд или пулт или слично. – истакна Филипче.
Министерството за здравство, пак, се задолжува, на секој наш државјанин кој влегува на граничните премини, а патувал од земји со висок или среден ризик, на граничниот премин да му издаде писмена наредба за спроведување на задолжителна самоизолација и истиот треба да потпише писмена изјава под полна материјална и кривична одговорност дека ќе изврши самоизолација каде ќе се наведат своите лични податоци, објасни Филипче.
Со седење дома се помага да се зачува јавното здравје, да се стави рампа на ширење на овој вирус. Добро е што имаме само едно место на трансмисија, но сите капацитети се подготвени да одговорат на потребите. – рече Филипче.
Г.М.