Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Северна Македонија, или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.- информира министерот Венко Филипче.

Филипче истакна дека Министерството за здравство во соработка со финските власти,утврдило дека ниту еден од 24-та патници позитивни на вирусот, не е регистриран во нашата земја.

Веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска. Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. – појасни министерот за здравство.

Владата на Финска по случајот со авионот од Македонија ги заостри мерките на заштита и воведе задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од високо ризични земји каде стапката на заразени е 8-10 слуачаи на 100 000 жители.

Г.М.