Нема потреба да купувате огромни количини од лекот Сумамед, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Точно е дека излегоа анализи и студии со коишто тој се дава во комбинација со кинин за третман на коронавирус. Има доволно количини и од овие нови лекови кои се даваат како комбинација. – рече министерот за здравство.

Филипче информираше дека антибиотикот Сумамед, за кој проструија информации во научните кругови дека во комбинација со лек за маларија дава добри резултати во лекувањето на коронавирусот Ковид 19, од сега ќе се набавува во аптеките со таканаречениот бел рецепт, издаден од матичен лекар.

Овој апел на министерот доаѓа откако енормно се зголеми побарувачката и купувањето на антибиотикот Сумамед во аптеките.

OhridNews