„Сега не е време ниту за натпревар, ниту за ексклузивитет, ниту за сензационализам. Бројот на пациенти ќе расте што е и очекувано, а јавноста ја информираме постојано и навремено, во оној момент кога ќе добиеме потврда за позитивните, односно негативни тестови“. Ова го потенцира министерот за здравство Венко Филипче на предмалку одржаната прес конференција без присуство на новинари, осврнувајќи се на бројните информации кои дел од медиумите, ги пренесуваат во јавноста, без потврда од официјалните органи.
- Ние на дневна основа ги собираме сите информации од Институтот за јавно здравје и од лабораторијата во Институтот за јавно здравје. Редовно и точно ја информираме јавноста од првиот ден, така ќе продолжиме и понатаму. Информираме во оној момент кога ќе бидат потрдени точниот број на позитивни, односно негативни тестови, рече министерот.
Министерот повторно потсети дека самоизолацијата е единствениот излез од ситуацијата со што ќе се спречи ширењето на вирусот и инфекцијата.
Т.К.