Министерот за здравство Венко Филипке го критикуваше неконтролираното собирање на луѓе во угостителските објекти, без придржување кон мерките за заштита од Ковид 19 и здравствените протоколи. Во објава на социјалните мрежи тој побара итна истрага и санкции за прекршителите.
Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно институциите – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! – истакна министерот Филипче.
Реакциите на министерот уследија по објавата на фотографии и видеа на социјалните мрежи од забави на млади во угостителски објекти низ земјата, без држење дистанца и без заштитни маски. Овој „тренд“ се случува во период кога е регистриран најголемиот пик со 241 новодијагностициран случај на Ковид 19 и осум починати само во еден ден.
OhridNews