За сите македонски и странски граѓани кои влегуваат и излегуваат од земјава, ќе се бара ПЦР тест, доказ за прележаност или вакцинална потврда на граница, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Оваа мерка била дискутирана на кризниот штаб утринава, а ќе се најде на владина дискусија утре, каде ќе биде дискутирано и за нејзина инплементација.

Филипче рече дека и понатаму расте бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, а со тоа се зголемува и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Во болниците во Охрид, Битола и Штип нема притисок врз болниците барем засега што е резулатат на големиот процент на вакцинирани граѓани од овие градови, додека најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, а и во Струга исто така се засилува.

Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделнија се со исполнет капацитет и имаат простор за уште неколку дополнително делови од одделенијата. Болницата во Лешок е полна со пациенти на кои им е потребен прием и согласно тоа утрово направивме координација во однос на тоа каде да се праќаат пациентите. Викендов имаше голем притисок како од тие градови, така и тука од Скопје во однос на Клиниката за инфективни болести и Институтот за тубекулоза, и тие капациетти се целосно исполнети, рече Филипче.

На сите овие мерки суштината е да се стави акцентот на имунизација и вакцинација. Нема логика некој да прави ПЦР тест, да се изложува на трошок само да присуствува на некој настан.

Утрово од Комитетот за имунизација стаса препорака, а тоа е да се препорача трета доза на имунокомпромитирани, според препораката на Си Ди Си и здравствените институции во Америка. Со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти кои се трансплантирани, пациенти кои се на хронична дијализа и други. Препораката дојде денес и веќе во текот на неделата ќе стартува и овој процес , рече Филипче.

Потенцира дека вакцинацијата добро се одвива после најавените мерки, што, според него, е добар сигнал.

OhridNews