Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со жалење ја примил веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид.

Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници. – напиша Филипче на социјалните мрежи.

Филипче изрзи жалење за смртта на медицинската сестра од Охрид

OhridNews