Имаме втор бран на коронавирусот Ковид 19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата што започна пред малку. Тој истакна дека деновиве се бележат рекорден број на новодијагностицирани случаи, најмногу во изминатите 24 часа – 180. Најголем дел од нив се од исти семејства кои ни се познати и се следат, или спорадични случаи од кои голем дел се асимптоматски случаи, рече Филипче.
Според министерот зголемувањето на бројот на заразени е резултат на непочитување на мерките за заштита, но и поради зголемениот број на тестирања.
- Имаме податоци дека вирулентноста опаѓа, но здравствениот систем не е во ризик, затоа се зголемија тестирањата. Околу 90% од нив се асимптоматски случаи. – додаде министерот за здравство.
Министерот додаде дека се познати изворите и контактите од вториот бран и дека состојбата е под контрола.
Филипче истакна дека 11 медицински лица се заразени од коронавирус во болницата „8 Септември“ во Скопје, а два случаи има на Клиниката за гинекологија во Скопје.
Министерот Филипче најави дека најверојатно од понеделник нема да има рестрикција на движењето, но состојбата ќе се следи внимателно.
Г.М.