Шест месеци од почетокот на кризата со коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче, состојбата во земјата ја оценува како стабилна. Во обраќањето до јавноста преку социјалните мрежи, тој предупредува на опасностите кои ги носи есента и апелира на одговорно однесување и почитување на мерките за заштите, со што побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Кризата донесе тага за оние кои ги загубија блиските, економска неизвесност за сите нас и огромна промена во нашите животи. Но, секој ден сме поблиску до надминување на оваа состојба. Ќе победиме и успехот ќе биде наш, заеднички. Но, треба да бидеме свесни дека ни претстои период во кој мора да се штитиме уште повеќе и уште подисциплинирано да ги почитуваме мерките. – рече министерот Филипче.

Поминаа шест месеци од почетокот на кризата со коронавирусот. Кризата донесе тага за оние кои ги загубија блиските, економска неизвесност за сите нас и огромна промена во нашите животи. Но, секој ден сме поблиску до надминување на оваа состојба. Ќе победиме и успехот ќе биде наш, заеднички.

Posted by Венко Филипче on Saturday, August 29, 2020

Министерот за здравство венко Филипче оптимист дека ќе ја надминеме актуелната состојба

OhridNews