Во изјава за Канал 5, Министерот за здравство, доц. Д-р Венко Филипче ја оцени

Епидемиолошката состојба е генерално стабилна, има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции. Ова во изјава за Канал 5 го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат, тој број е константен подолг временски период, некаде околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти се сместени во болниците и така останува овој тренд, што значи дека добро се менаџира. Така што, генерално мислам дека ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид, имајќи го во предвид масовното тестирање коешто го правиме и така ќе продолжиме и понатаму. – оценува Филипче.

Тој истакна дека не се планирани рестрикции во работата на економските оператори ниту пак рестрикција во движењето во било кои делови на државата, нагласувајќи дека постојат протоколи и тие треба да се почитуваат, а доколку не се почитуваат треба да се санкционираат прекршителите.

Во однос на прекршувањето на протоколите – има протоколи за работа буквално за сите економски оператори и веќе постапија надлежните инспекторати, како што се Државниот пазарен инспекторат и ДСЗИ, а каде имаше потреба и Инспекторатот за труд, и со тоа се преземени соодветни мерки. Не може да се воведуваат рестрикции заради нечие непочитување на веќе постојните мерки и протоколи. Така што нема никаква индикација дека мерките ќе се заоструваат, повторно апелирам да се почитуваат мерките. Сите економски оператори ги имаат добиено протоколите и никаде нема проблем никаде каде тие се почитуваат. – изјави Филипче.

OhridNews