Епидемијата се стишува, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство венко Филипче. Кон тоа укажува намалениот број на тестови, што се должи на намалените инцикации за тестирања.

  • Константација на Комисијата за заразни болести е дека се намалуваат и индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и ова оди во насока на стишување, на намалување на епидемијата, нешто што го очекувавме во овој период“, изјави Филипче.

Министерот информира дека се изготвени протоколи за функционирање на јавните институции, превозот итн. кои по официјализирање на одлуките ќе бидат објавени во јавноста, во текот на идната недела. Министерот потенцира дека ваквите чекори се во насока на попуштање на мерките и враќање на животот во нормала, но дека и понатаму се задолжителни мерки за претпазливост.

OhridNews