Центарот за јавно здравје – Охрид обработува податоци од целиот регион, но следи целосна анализа со цел да се прецизираат изворите на заразата на новите случаи и евентуалните кластери, истакна министерот за здравство Филипче на маратонскиот прес што го одржа попладнево заедно со претседателот на Комисијата за зарани болести Караџоски и раководителот на Центарот за јавно здравје – Скопје Зибери.

Во Охрид од 30 мај до денес се регистрирани 15 нови случаи на Ковид 19, од кои 6 денеска. Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид се дијагностицирани 37 лица позитивни на коронавирусот, а во моментов активни се 20 случаи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека породилното отсуство од работа ќе се продолжи до 31 јули. Тоа е веќе одлучено во Фондот за здравство и мерката е веќе усвоена, додаде тој.

На прес конференцијата која траеше повеќе од два часа, министерот за здравство се осврна и на кампањата во медиумите за Ковид 19.

На почетокот не бевме сигурни колку е опасен вирусот и не сакавме да ги изложиме медиумските работници на ризик, но сега кога се создадени услови со почитување на строгите мерки им овозможивме пристап до болниците каде се лекуваат болните од Ковид 19. Реализиравме кампањи со изработка на видеа, а медиумите секојдневно ги пренесуваат и нашите пресконференции од кои исто така се испраќаат пораки, така што сите заедно влијаеме да се почитуваат мерките и се обидуваме да допреме до тие кои се уште не веруваат дека вирусот не постои, рече Филипче.

OhridNews