Забележливо е дека многу луѓе не ги почитуваат мерките за носење заштитни маски, поради што ќе предложиме казнувањето да почне веднаш, а не по првомајските празници како што првично беше планирано. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата одржана денеска.

Ќе побараме од Владата казнувањето на почне порано, уште на почетокот на неделава. Разлабавување на полицискиот час доаѓа со пакет мерки за лична заштита – задолжително носење маски и одржување растојание. Само така ќе има ефект и резултати. – рече Филипче.

Претходно Владата донесе уредба со која предвидува казна од 20 евра во денарска противвредност за неносење заштитна маска.

OhridNews