Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19, се однесуваат и на собири на луѓе и доколку тие се почитуваат, нема да има собири во црквите. Ова на новинарско прашање зошто владата не ги затвори верските објекти пред Велигден, го изјави министерот за здравство Венко Филипче. На прес конференцијата оджана синоќа, во очи најголемиот православен празник, кој оваа година верниците ќе го одбележат во своите домови, министерот за здравство рече дека Владата ги презела сите мерки да нема масовни собири.

Church Sv. Sofija

Ако се почитуваат мерките и апелите, ако нема повици, секој си ја преземе одговорноста и свеста е на високо ниво, не очекуваме да има било какви проблеми. Сите мерки кои веќе ги преземавме се однесуваат и на други објекти, и во таа смисла ако се почитуваат нема да има собири ниту во црквите и сметам дека од страна на Владата се презеде се да нема масовни собири. – изјави министерот Филипче.

OhridNews